Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.
Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од: Скопје – 128, Битола – 34, Крива Паланка – 14, Прилеп – 12, Валандово и Крушево – по 9, Ресен – 7, Кавадарци и Делчево – по 6, Велес, Куманово, Тетово и Штип – по 5, Неготино, Кочани и Радовиш – по 3, Гевгелија, Струмица, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Кратово – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 80г и 86г) и по едно починато лице од Прилеп (72г), Битола (55г), Валандово (71г), Македонски Брод (66г) и Кичево (61г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.