Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 965 тестови, а регистрирани се 64 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии.
Регистрирани сe 296 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица. Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а бројот на активни случаи изнесува 1.890.