370
Драмски театар Скопје, со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ ќе гостува на 3-то издание на фестивалот „Театар на раскршќу“ во Ниш.
Народниот театар од Ниш го организира овој фестивал со цел да се афирмираат сличностите и разликите на културниот идентитет на театарската сцена во регионот.
Во натпреварувачкиот дел учествуваат 6 претстави од земјите од Балканот. Градот Ниш позициониран како крстоница на европските и светските патишта со овој фестивал ја промовира уметноста на балканскиот културен простор.
Претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“ на Драмски театар Скопје, ќе биде изведена во сабота на 10 септември.