536
Драмски театар – Скопје го продолжува прекинот на репертоарот до 13 март.
Како што соопшти утрово, ваквата одлука е донесена по препорака на Владата која го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи ограничувањето на јавните собири и настани.
Граѓаните кои купиле билети ќе може да ги заменат за друга претстава или ако сакаат, парите ќе им бидат вратени.
За 10, 11 и 12 март на репертоарот беа „Крал Иби“, „Странци“ и „Фестен“.