Драматично видео е снимено од надзорните камери во Загреб, а на видеото се гледа како девојка се обидува да запре автомобил, кој со голема брзина се движи по улицата наназад.
Бидејќи девојката едвај виси на возачката врата, се претпоставува дека се обидувала да го запре возилото на кое или му откажале сопирачките, или не било соодветно закочено пред да тргне.
„Можеше да ја изгуби главата. Тоа се вика непромисленост. Никогаш, никогаш не запира автомобил ако тргне сам. Спасете се себе си и другите околу моменталната ситуација, а автомобили има и ќе има”, „Назад во автошкола и таа и тие што не застануваат“, „Јас го поминав истото пред неколку дена, уште имаше деца во автомобилот“ беа дел од коментарите под видеото.
Пријавата во загрепската полиција стигнала околу 9 часот и 50 минути. Неофицијално, повредени нема, а причинета е материјална штета на четири автомобили.