Драматично предупредување од Полска: Имаме три години да се подготвиме, Русија наскоро може директно да го нападне НАТО

by Fokus

Полската Агенција за национална безбедност предупреди дека рускиот напад врз НАТО може да дојде порано од очекуваното.

Шефот на Бирото за национална безбедност Јацек Сиевиера ја отфрли проценката на германски тинк-тенк дека Русија би можела директно да го нападне Западот за само шест до 10 години.

„Ако сакаме да избегнеме војна, земјите на НАТО на источното крило треба да усвојат пократок, тригодишен временски период за да се подготват за конфронтација, рече Сивиера во интервју за полските медиуми, пренесува Sky News.

Минатиот месец германскиот совет за надворешни работи предупреди дека Русија може да изврши инвазија на земја на НАТО во рок од шест години.

Се вели дека на германските вооружени сили им треба „квантен скок“ за да се подготват за тоа.

Поврзани новости