Драматични сцени во Нови Сад – се евакуирале луѓе од покривите на поплавени возила

by fokus

Силното невреме кое денеска ги зафати Нови Сад и западна Србија зад себе остави застрашувачки сцени.

По сончевиот ден и летните температури, големи количества врнежи наврнаа во Нови Сад.

Пожарникарите-спасувачи евакуираа две лица од покрив на поплавен автомобил на улицата Партизанска во Нови Сад и уште едно лице во Коцељева, каде беа поплавени повеќе објекти.

На сите социјални мрежи набрзо се најдоа видеа од поплавата во овој град.

Возила низ поплавените улици, вода што влегува во автобусите, луѓе кои се качуваат на покривите на автомобилите, се само дел од застрашувачките сцени што можеа да се видат денеска по врнежите.

Поради последиците од врнежите, полицијата интервенираше на територијата на градот Нови Сад, општина Беочин, Сремски Карловац, Зрењанин, Шабац, Рума и Ваљево.

Поврзани новости