Драматична снимка од Украина: Жена е извлечена од урнатините по бомбардирањето на градот Краматорск

by Fokus

Украинската полиција објави видео од спасувањето кое траело неколку часа во регионот на Доњецк. Во бомбардирањето на градот Краматорск, две лица заглавија под урнатините и беа извлечени по херојските напори на спасувачите.

Спасувачите, соопшти полицијата, со часови копале низ урнатините на станбена зграда за да пронајдат жена која била закопана по ракетниот напад на руските сили.

Ноќта од вторник кон среда три лица загинаа во руски ракетни напади врз украинското црноморско пристаниште Одеса и исто толку во нападите врз источниот регион Доњецк, во кој е вклучен и Краматорск, објави украинскиот претставник.

Поврзани новости