Драматичен раст на заразени во Германија и Русија

by Фокус

Германската канцеларка Ангела Меркел ја оцени како драматична ситуацијата во земјата, откако денеска беа регистрирани 52.826 новозаболени и 294 смртни случаи од Ковид-19.

Драматично зголемување на бројот на позитивни случаи на дневна основа се забележува во голем дел од Европа.

Вчера во Чешка беа пријавени 22.479 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата.

Русија, пак, регистрираше 36.626 позитивни случаи, но тоа што најмногу ги загрижува властите е зголемувањето од 31 процент на бројот на новозаболени за разлика од минатата недела.

Од друга страна, има земји како Франција, Шпанија и Италија кои дури сега започнуваат да ги чувствуваат првите знаци на четвртиот бран.

Поврзани новости