Драматичен апел на Гутереш: Катастрофа се случува пред нашите очи

by Fokus

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска предупреди дека ситуацијата во Појасот Газа, управуван од Хамас, брзо се влошува и постојано очајнички апелира за прекин на огнот за да се стави крај на „кошмарот“ и крвопролевањето и за безусловно ослободување на сите заложници што ги држи Хамас.

„Ситуацијата во Газа од час во час станува се побезнадежна. „Жалам што наместо итно потребната хуманитарна пауза, поддржана од меѓународната заедница, Израел ги интензивираше своите воени операции“, рече Гутереш за време на неговата посета на Непал.

Бројот на убиени или ранети цивили, посочува Гутереш, е „целосно неприфатлив“.

„Светот е сведок на хуманитарна катастрофа пред неговите очи“, рече Гутереш, додавајќи дека повеќе од два милиони луѓе, подложени на немилосрдно бомбардирање, немаат каде да одат на безбедно и немаат пристап до храна, вода, засолниште и медицинска нега.

„Ги повторувам моите повици за итен прекин на огнот во хуманитарни цели, безусловно ослободување на сите заложници и доставување хуманитарна помош за жителите на Газа. Мораме да ги здружиме силите за да ставиме крај на кошмарот за луѓето од Гата, Израел и сите оние кои се погодени низ светот, вклучително и овде во Непал“, рече Гутереш, мислејќи на 10-те непалски студенти убиени во нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Поврзани новости