Драма во Загреб: Јас сум роден да убивам. Сите ќе умрете!

by Fokus

Загребската полиција денеска пред 9.30 часот, добила пријави за наводно подметнати бомби во неколку трговски центри во главниот град на Хрватска.

Полицијата е на терен и ги врши потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавата и се грижи за безбедноста на граѓаните, соопштија од полицијата, јавуваат агенциите.

– За половина час утрово во полициските станици во Загреб пристигнаа најмалку три пријави за бомби, односно подметнати експлозивни направи во неколку трговски центри во областа на Загреб – пишува „Б92“.

Според полицијата, нема причина за паника, тврдат дека прават се за да ја заштитат безбедноста на граѓаните. Станува збор за трговските центри Сити Центар „Еден исток“, а набргу потоа и за Гарден мол во Дубрава и Фамили мол во Јанкомир.

– Сите сме евакуирани од Градскиот трговски центар. Полицијата во моментов стои на влезот во центарот – изјави еден од сведоците.

Заканувачката порака со вознемирувачка содржина наречена SPAM HATE ги принуди трговските центри веднаш да ја алармираат полицијата која со полициски кучиња интензивно го чешла секој метар простор за да ги отстрани сите сомнежи за постоење на експлозивна направа.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, пораката е напишана со големи букви без запирка, а со оглед на последниот збор од цитираната порака, се шпекулира дека испраќачот е роден на југот на Хрватска.

Полицијата пријавите ги сфатила сериозно и, според неофицијални информации, трага по лице кое се претставило како Стегосаурус, четириножен тревојаден диносаурус со два пара зашилени боцки на опашката и многу мал мозок.

 

Поврзани новости