Тинејџер бил застрелан во обид за убиство во училиште во близина на Стокхолм, соопшти шведската полиција и додаде дека осомничениот е приведен.
Жртвата е пренесена во болница, додаде полицијата.
„Повредениот е свесен и можеше да зборува кога полицијата пристигна на местото на настанот“, додаваат тие во соопштението, пренесува Ројтерс.
Според шведските медиуми, злосторството наводно се случило во тоалетот на училиштето.
Едно лице е уапсено поради сомнение за обид за убиство.
„Не бараме повеќе сторители и немаме повеќе повредени“, изјави Хелена Бостром Томас, портпарол на полицијата.
Просторот околу училиштето е опколен.
„Го истражуваме местото на злосторството и разговараме со сведоци кои можеби виделе нешто“, додаде таа.
Засега нема информации што довело до пукањето.