Драматичен настан се случил во понеделникот, околу еден час пред полноќ во неготинско село, кога 35-годишен маж од Скопје дошол во домот на 45-годишниот жител на селото.
Како што информираат од СВР Велес, скопјанецот среде ноќ му влегол во домот на неготинецот, физички ја нападнал неговата мајка, а потоа му ги одзел клучевите од мерцедесот кој бил паркиран во дворот и си заминал.
Од таму појаснуваат дека станува збор за нерасчистени должничко – доверителски односи, а скопјанецот бил приведен во полициската станица.
-На 21.10.2024 во 23.00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Т.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека поради нерасчистени должничко – доверителски односи влегол во домот на С.С.(45) во неготинско село, физички ја нападнал неговата 67-годишна мајка, ги одзел клучевите од возилото „мерцедес“, кое било паркирано во дворот и заминал.
М.Т. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.
Вики Клинчарова