Драма во крушевско село: Насилно ги однел сопругата и ќерката во Псхијатриска болница во Демир Хисар

by fokus

Вчера вечерта во крушевско село, сопруг ги врзал својата сопруга и ќерка и со своето возило насилно ги однел во Писихатриска болница во Демир Хисар.

„На 06.06.2019 година во 21.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во крушевско село, во куќата сопственост на 65-годишен маж, тој ги врзал неговата ќерка (27) и неговата сопруга (52), по што насилно ги внел во неговото патничко возило и ги однел во Психијатриска болница во Демир Хисар. 65-годишниот маж бил приведен во Полициската станица Демир Хисар и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости