Завршена е драмата во белградската населба Видиковец, откако полицијата го уапси мажот кој се забарикадира во својата зграда и кој се закануваше дека ќе ја разнесе. По двочасовни преговори со припадници на Министерството за внатрешни работи 45-годишниот В.Ј., кој утринава се затвори во ходникот на својата зграда во Раковици, се предал на полицијата.
Како што јавуваат српските медиуми, В.Ј. бил наоружан со пиштол и автоматска пушка, но немало заложници. Против него е веќе распишана потерница од Основниот суд во Србија заради издржување на затворкса казна.
Според неофицијални информации В.Ј. имал дебело криминално досие. Наводно утринава се јавил во полиција и рекол дека сака да се предаде, но кога пристигнала полицијата извадил пиштол и им се заканил на полициските службеници.
Преговорите со него ги водел полициски тим на психолози, додека зградата била опколена со интервентни џипови.
Фото: Танјуг