Драма во Аеродром: Момче и девојка следени од три лица со возило „Киа“ па нападнати пред трговски центар

by fokus

По булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во населба Аеродром, синоќа лицето Д.П. (23) било следено и физички нападнато.

Имено, момчето Д.П (23) заедно со неговата другарка се движело по булеварот со неговото возило „Фиат Пунто“, при што биле следени од група од три лица во возило „Киа“. Лицата ги пресретнале Д.П. и неговата другарка во близина на трговскиот центар „Бисер“. Возачот се претставил дека е полициски службеник, по што му ги зел документите и телефонот на Д.П.

Потоа Д.П. заминал кон паркот во Ново Лисиче, каде требало да се види со пријатели, но тука дошле и лицата со возилото „Киа“ и од неговите другари побарале документи. Едно од лицата физички го нападнало Д.П. и му се заканувало со пиштол.

Случајот е пријавен, преземени се соодветни мерки, а во полициска станица е приведен сторителот Г.С. (25).

Поврзани новости