Во текот на вчерашниот ден на спортски натпревар во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир, а истиот ден во Гостивар, жител на градот бил повреден од навивач.
„Во неделата, околу 15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на Спортско – рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, за време на одржување на спортски натпревар во рамките на втората фудбалска лига – Запад, М.С.(38) од Дебар го нарушил јавниот ред и мир со фрлање предмет кон судијата на натпреварот.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, во 21 часот во Полициската станица Гостивар, А.И.(35) од Гостивар пријавил дека околу 17.30 часот на кошаркарскиот натпревар Гостивар – Кожуф, што се играл во спортската сала „Младост“ во Гостивар, 19-годишниот навивач на „Кожуф“ Д.С. од Гевгелија со дрвен предмет фрлил и му нанел повреда.
Набргу потоа, Д.С. бил обезбеден и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, изјавија од МВР.