Драги издејствува оставка, Италија пред нови избори

by Фокус

Марио Драги денес поднесе оставка како италијански премиер, внесувајќи ја земјата во повеќемесечни превирања и ослабувајќи го лидерството на Европа во критичен момент.

Кабинетот на претседателот Серџо Матарела ја објави веста откако двајцата се сретнаа во претседателската палата.

Одлуката на Драги да поднесе оставка дојде откако тој не ја доби поддршката од неговите коалициски партнери при гласањето за доверба во парламентот.

Сега се очекува да се одржат предвремени избори наесен.

Во емотивните сцени во парламентот денеска, Драги беше дочекан со долг аплауз од некои во комората, кои станаа на нозе.

Заминувањето на 74-годишниот Драги, поранешен претседател на Европската централна банка, ја лишува Италија од авторитетен лидер на прагот на невидена енергетска и животна криза и со војна на прагот на Европа.

Тоа ја означува кулминацијата на неколкунеделните тензии во италијанската разединета коалиција, која Драги се обиде да ја води како влада на национално единство.

Откако минатата недела ја загуби поддршката од популистичкото Движење 5 ѕвезди, вчера премиерот ја загуби поддршката од десничарските партии во неговиот сојуз – Форца Италија на Силвио Берлускони и Лигата на Матео Салвини.

Фаворит за преземање на премиерската функција ќе биде Џорџија Мелони, лидерка на партијата „Браќа на Италија“, која ја поздрави можноста за нови избори.

Поврзани новости