Драган Спасов-Дац ќе стане дедо

by Fokus

Во домот на семејството Спасови за некој месец повторно ќе има повод за славење. Актерот и музичар Драган Спасов – Дац на 20 април го прослави својот 59-ти роденден, а на истиот ден актерот по втор пат заплива во брачните води.

Без да знае, во тајност и со помош на најблиските пријатели, неговата долгогодишна партнерка, а сега веќе и официјална сопруга, Весна Терзиевска организирала матичар и мини прослава во еден познат скопски ресторан.

Пред два месеци постариот син на актерот, Јаков стапи во брак сои својата избраничка, Софија Христова, односно веќе Софија Спасов. Добра музика, убави гости, многу насмевки и танцување ја украсија свадбената прослава, а Јаков и Софија како младенци изгледаа магично. Модниот избор на невестата беше уникатен.

На објавените фотографии може да се забележи трудничкото стомаче на Софија.

Поврзани новости