Директорот на МНТ, Драган Спасов-Дац вечерва на својот фејсбук профил објави дека сите актери ќе бидат казнети затоа што не ја одиграле преставата „Ничија земја“ како поддршка на приведените глумци.
„Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. СЕ ОТКАЖА ПРЕТСТАВА ВО МНТ. Покрај мојата сугетија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата “Ничија земја”, како подршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27-ми април во собранието. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија. Театарот постои за публиката и така ќе остане. Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика – напиша Дац во својата реакција.