666
„На самото Собрание на резултатите немаше ниту еден приговор. Приговор немаше од страна на присутните, ниту по објава на резултатите од гласањето по што истото беше затворено од страна на претседавачот. Ако има било какви дилеми околу легитимноста околу примената на статутот сакам да укажам дека автентично толкување на одредбите на Статут на ЗНМ дава Собранието на ЗНМ на седница на Собранието. Освен ова, помеѓу две собранија, толкување на одредбите на Статутот дава Управниот одбор на ЗНМ – додаде Секуловски. Претходно, Тамара Чаусидис, еден од тројцата членови на изборната комисија потврди дека изборот на Младен Чадиковски запретседател на ЗНМ е легитимен.
Задоволен сум од вчерашното редовно Изборно собрание на ЗНМ кое помина во најдобар ред. На Собранието членството одблиску се запозна со работата на ЗНМ, имаше можност да дебатира, а потоа и даго избере новото раководство, истакна Драган Секуловски, директор на ЗНМ.
„На самото Собрание на резултатите немаше ниту еден приговор. Приговор немаше од страна на присутните, ниту по објава на резултатите од гласањето по што истото беше затворено од страна на претседавачот. Ако има било какви дилеми околу легитимноста околу примената на статутот сакам да укажам дека автентично толкување на одредбите на Статут на ЗНМ дава Собранието на ЗНМ на седница на Собранието. Освен ова, помеѓу две собранија, толкување на одредбите на Статутот дава Управниот одбор на ЗНМ – додаде Секуловски. Претходно, Тамара Чаусидис, еден од тројцата членови на изборната комисија потврди дека изборот на Младен Чадиковски запретседател на ЗНМ е легитимен.
,,Гласањето почна по 14 часот, а сите регистрирани членови кои беа присутни на изборното собрание беа по име читани и повторно регистрирани дека се присутни за гласање. За Младен глсаа 86, а за Столе 77. Така што како член на комисијата, воопшто немам дилеми дека изборот на претседател на ЗНМ е легитимен. Не сум правник да толкувам правилници, ама како новинар логично знам дека 86 е повеќе од 77. 169 поделено на два е 84, 5. Така што изборот на Младен Чадиковски е легитимен“-вели Чаусидис.