683
Драган Јованов е назначен за посебен советник за животна средина и просторно планирање на премиерот Зоран Заев и на Владата. Ова Јованов го потврди за „Фокус“.
Тој е докторант на факултетот за агроекологија. Автор е на многубројни објавени меѓународни трудови, а во својата специјализирана област има пишувано свои статии за многу домашни и странски списанија и портали.
Две години по ред го добива признанието за најдобар млад научник на Европскиот мултидисциплинарен конгрес кои се одржува во Нови Сад, Република Србија, исто така има добиено три национални награди како најдобар млад научник и предавач.