ДПМНЕ не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка за претседателка, Гордана Силјановска Давкова и кандидатурата во ДИК ја поднесе со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани, истакнуваат од владејачката партија.
„ДПМНЕ излажа за потписите на Силјановска, ниту ДПМНЕ, ниту Гордана Силјановска немаат поддршка од граѓаните.
Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.
На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов“, се наведува во дописот од оваа партија.
На граѓаните, како што додаваат, не им треба уште една катастрофа како во Скопје. Според СДСМ, ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.
Затоа, велат, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
МАКЕДОНИЈА
Најчевска: Од каде излезе дека Стевчо е поголем криминалец од Ахмети, Груби, Османи, ако веќе се става на црна листа пред избори, зошто тоа не се луѓе од ДУИ
Професорката Мирјана Најчевска реагира за црната листа на САД, на која се најдоа и имињата на Катица Јанева и Стевчо Јакимовски.
„Ова е проблематично по повеќе основи.
Прво, што андрак бара сега Катица Јанева на црна листа на Американците кога жената која тие ја донесоа за специјален јавен обвинител е во затвор.
Второ, крајно несоодветно е на ваков начин да се атакува од странска држава претседателски кандидат непосредно пред избори. Тоа Американците си го дозволуваат само спрема Путин колку што се сеќавам“, пишува Најчевска.
„Трето, ако веќе си дозволуваат вакво вмешување, од каде тоа излезе дека Стевчо е поголем криминалец од Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и целата мафијашка банда? Ако веќе некој се става на црна листа пред избори зошто не се ставаат луѓе од ДУИ? За да се задржи ДУИ во власта?“, додава во напишаното Најчевска.
МАКЕДОНИЈА
ДИК на седница треба да ги потврди кандидатурите за избор на претседател на државата
Државната изборна комисија (ДИК) се очекува денеска да одржи седница на која треба да ги потврди кандидатурите на седуммината претседателски кандидати за изборите на 24 април.
Кандидатури поднесоа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска – Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари поддржан од коалицијата „Вреди“.
Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати, ДИК ќе ја одржи најдоцна на 28 март.
На партиите им остануваат 14 дена до почетокот на кампањата за претседателските избори, а течат и роковите за подготвување на листите за пратеници.
Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК, најдоцна до полноќ на 2 април.
СКОПЈЕ
Без струја делови од општините Аеродром, Петровец и Чучер Сандево
Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Петровец и Чучер Сандево.
· од 9 до 15.30 часот корисниците од селата Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест, Малино во општина Чучер Сандево ќе немаат струја,
· од 8.30 до 15.30 часот корисниците од целото населено место Катланово, Катлановска Бања, сите индустриски објекти на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово, Брезница, Градманци, Летевци во општина Петровец, ќе бидат без електрична енергија;
· од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од улицата 2 во село Долно Лисиче и околу трафостаницата во село Долно Лисиче 3 во општина Аеродром.