431
Пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието најави дека ќе поднесат барање до Владата за да добијат информација колку нови луѓе се ангажирани или вработени во државните институции.
– Бараме да ни се достави оваа информација бидејќи јавноста секојдневно е бомбардирана со информации за вработувања на партиски војници, членови на таканаречената шарена револуција и лица кои што се во директни роднински релации со функционери од власта. Овие вработувања се спроведуваат без никакви огласи и без почитување на постапките, процедурите и критериумите – истакна Данев.