ДПА се залага за попис пред изборите

by Фокус

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, денеска оствари средба со американскиот амбасадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав во американската амбасада во Скопје. Тачи ги известил амбасадорите дека првата рунда разговори меѓу работните групи завршила со напредок околу договорот за изборните прашања, но допрва следува потешкиот дел, составот на привремената влада.

-Останува на трите партии да се договорат околу министри, заменици министри, а тој процес треба да почне по 17 август. Ако не се почитуваат роковите договорот ќе биде погазен, изјави Тачи.

Претседателот на ДПА откри дека неговата партија се залага за тоа да се спроведе попис пред изборите во април, но според него, тоа другите партии го отфрлаат со образложение дека нема време.

Првата рунда на разговорите за спроведување на договорот од Пржино заврши минатата недела. ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ ќе продолжат со договарање за спроведување на мерките за излез на кризата на 17 август.

 

Поврзани новости