Претставници на Комисијата за социјална политика при Демократската партија на Албанците во партиското седиште на прес-конференција истакнаа дека е потребна промена на системот кој според нив ги лишува граѓаните од социјална заштита поради погрешните политики.
-Сегашниот систем на социјална политика е нереформирна во согласност со барањата на Европската унија затоа што не обезбедува квалитетна и пропорционална услуга. Тоа е политизиран систем на сите нивоа како социјална помош, социјалното вработување, прекумерна централизација. Го демотивира вработениот во социјалните институции, како и корисниците на социјална помош, бидејќи документацијата и процедурите се премногу обемни и тешки за пополнување, истакна Рагми Јусуфи од ДПА.
Политиките на ДПА се приближување на социјалните институции до граѓаните.
-Тоа подразбира воспоставување релевантни социјални институции, кои ќе ги задоволат потребите на граѓаните во однонс на нивната социјална сигурност според нивните потреби и способносит, елиминација на поделбите на грѓаните во различни форми, поголема транспарентност од страна на институциите за прават на граѓаните, рече Јусуфи.