Демократската партија на Албанците (ДПА) на состанокот на Централното претседателство што се одржа во Тетово изврши избор на нови партиските тела, како и нивни претседатели. Формирани се осум оддели и 22 комисии, а со тоа се завршува партиското организирање за кампања за предвремените избори.
На новинарските прашања околу евентуални предизборни коалиции, потпретседателката Фатмире Исаку пред новинарите истакна дека партијата останува на ставот даден преку изјавата на претседателот Мендух Тачи во декември дека со останатите партии од албанскиот политички блок нема основа за соработка.
-Во моментов немаме некоја сериозна понуда, па ќе видиме во наредните денови, кратко изјави Фатмире Исаку.
ДПА формираше оддел за социјални прашања, здравство и рурален развој, надворешна политика, правен оддел, оддел за образование, култура млади и спорт, оддел за надворешни односи, економски оддел, оддел за односи со јавноста и организациски оддел.