ДПА избра ново Претседателство

by Fokus

Демократската партија на Албанците (ДПА) на денеска одржаното Централното собрание во Тетово избра ново раководство, четворица потпретседатели и генерален секретар. 

– Денеска се одржа Централното собрание на ДПА при што беа избрани состави на Централното претседателство, тесно претседателство и генерален секретар. Централното собрание за потпретседатели ги избра Фатмире Исаку, Валбона Тоска, Фејзи Џелили и Халил Красниќи, додека за генерален секретар Сали Ајдини, информираа од ДПА.

Изборот на нови потпретседатели и генерален секретар следува откако на 7 јули на конгрес на партијата, Мендух Тачи повторно беше реизбран за претседател на ДПА, а тогаш беа избрани и членовите на Централното собрание кои денеска одлучуваа за изборот на потесното раководство.

Поврзани новости