Азем Садику од Демократската партија на Албанците (ДПА) по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски изјави дека тие предложиле парламентарните избори да се одржат на 14 јуни.
– Јавното здравје е пред се, но треба да има избори. Според нашите информации, состојбата се подобрува и 22 дена по Бајрам или поточно на 14 јуни ние предложивме да биде ден за избори. Но, треба да се научиме да живееме со вирусот, затоа што вирусот ќе биде тука и за подолг временски период, рече Садику.
Тој потенцира дека треба да има избори кога ќе има услови и да се почитуваат сите мерки од соодветните надлежни институции.
-ДПА е задоволна од овие избори и заедно со вирусот да ја однесе во опозиција и владината албанска партија и ДПА да биде достоен претставник на Албанците во наредниот четиригодишен период, дополни Садику.