Доживотна казна затвор за луѓето одговорни за падот на летот MH17 над Доњецк во 2014та

by Fokus

Судот во Хаг денес донесе пресуда со која двајца руски и еден украински државјанин се осудени на доживотна затворска казна поради предизвикување на пад на авионот MH17 над украинскиот регион Доњецк во 2014та, резултирајќи со смрт на 298 патници.

Русите Игор Гиркин, Сергеј Дубинскиј и украинецот Леонид Кхарченко се одговорни за падот на авионот, вели претседавачкиот судија Хендрик Стинхуис.

Гиркин (51) е поранежен полковник во Руската федерална служба за безбедност. Во периодот за којшто е осуден, тој ја вршел функцијата министер за одбрана и командант на вооружените сили во самопрогласената Доњецка Народна Република, поддржана од Москва.

Гиркин е радикален националист, наводно вмешан во руската агресија врз Украина. Другите обвинети, а сега осудени, се негови подредени. Според обвинителите, Кхарченко бил командант про-Руска сепаратистичка формација, а спроведувал наредби добиени исклучиво од Дубинскиј.

Од друга страна пак, Олег Полатов, исто така руски државјанин, е ослободен од сите обвиненија.

Судот донел пресуда дека сите тројца осудени имаат обврска да исплатат обесштетување на семејствата на жртвите во вредност од вкупно 60 милиони евра.

Ниту еден од четворицата обвинети не беа присутни во судницата,  исто како и во изминатите две и пол години додека траеше процесот.

Авионот беше срушен со проектил снабден од Москва кој експлодираше, по што се забележани расфрлени тела и остатоци насекаде низ земјиштето и сончогледовите полиња во Доњецк. Ракетниот фрлач доаѓа од 53та Пртоиввоздушна Проектилна Бригада, единица во Руските вооружени сили, со база во градот Курск, кадешто е вратен по падот на авионот.

Оваа несреќа важи за најсмртоносото уривање на авион до ден денес, резултирајќи со 283 загинати патници и 15 членови на екипажот. 193 патници беа холандски државјани, а истрагата ја водеа австралиски и холандски тимови.

Семејствата на голем дел од загинатите беа присутни на денешното рочиште.

Поврзани новости