Мохамед Нур беше осуден на доживотен затвор за серија напади врз непознати лица кои кулминираа со убиството на Јоханита Косива Догби.
Догби (31) се шетала сама во Стоквел Парк Вок во Брикстон на 1 мај минатата година кога Мохамед Нур и пришол одзади и ја нападнал среде бел ден, објави Индипендент.
Со сечило направено од ножици и го пресекол грлото, нанесувајќи и фатални повреди и била констатирана смрт на местото на настанот.
Само два дена претходно, Нур изврши уште три напади врз случајни минувачи во јужен Лондон.
Тој се изјасни за виновен за убиството на Догби и беше осуден на доживотен затвор со минимална казна од 32 години по три точки од обвинението за незаконско ранување.
Тој ѝ пришол на првата жртва Ребека Вилкс одзади, ја зграпчил и и го пресекол десниот образ, предизвикувајќи расекотина од девет сантиметри.
Втората жртва, Томаш Кмиечик, добила рани од шест сантиметри на лицето, а третата жртва, Кејти Метјус, исто така добила рани од шест сантиметри на лицето.
Обвинителот Џулијан Еванс им кажа на поротниците дека во сите случаи жртвите не направиле ништо за да се соочат или да го испровоцираат човекот кој ги нападнал.
– Сите жртви биле нападнати без предупредување и без очигледна причина, истакна тој.