243
Дождот што врнеше попладнево и вечерва во повеќе региони од земјава ги изгасна големите пожари кои со денови ги пустошеа шумите на многу локации.
„Сите тешки пожари со помош на дождот се доизгаснати. Активни се неколку помали пожари со кои ќе се справиме во текот на утрешниот ден“, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Тој претходно денеска информираше дека дождот го изгасна пожарот на Галичица кој пустошеше 14 денови, како и пожарот кај селото Цер во кичевскиот регион.