521
Голем дел од источниот брег на Австралија, кој беше зафатен со пожарите, денеска е под вода, по обилните врнежи од дожд.
Дождот, кој наврна во најголема количина во последните 20 години, изгасна некои од најопасните пожари.
Сепак, поради силните врнежи, во некои делови на Нов Јужен Велс постои ризик од поплави и лизгање на земјиштето.
Комесарот на противпожарната служба, Шејн Фицсимонс рече дека е оптимист дека дождот ќе помогне да се изгасат повеќедневните пожари.
– Нема сомнеж, дождот е добар за земјоделството, но и за гаснење на пожарите со кои сме соочени со месеци, рече Фицсимонс.
Дождот го намали бројот на активни пожари во Нов Јужен Велс за 20 во еден ден.