Времето денеска е претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во Скопје времето е облачно со повремени врнежи од дожд. Ммаксималната ќе достигне до 8 степени.
Во петок и сабота ќе има услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).