Дожд и ветер до крајот на денов

by Fokus

Времето денеска ќе биде облачно и со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, над 70 км/час.

Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен.

Во вечерните часови во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Поврзани новости