376
Во некои делови на земјата се очекува дожд со повремени паѓање на снег, а токму тоа е причина за возачите кои ќе патуваат да бидат внимателни бидејќи коловозите се влажни.
Од АМСМ соопштуваат за намалена видливост кај Плетвар и во Неготино до 100 метри и појава на магла.
Засега интензитетот на граничните премини е умерен а поголем сообраќај се очекува попладнево кога се очекува враќање на граѓаните од зимување или продолжен викенд.
Засега нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.