427
Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека утринава немало инциденти на северот на Косово, но дека „атмосферата е напната и дека е доволно едно чкорче да се запали за да се отиде во непосакувана насока“, јави допсиникот на МИА од Белград.
Вучевиќ за телевизијата Прва изјави дека „Приштина во текот на мандатот на Курти прави низа еднострани потези кои имаат за цел да не се почитуваат сите договори кои на некој начин биле постигнати“.
-Тоа е јасна порака до Србите дека тие таму не се добредојдени, рече Вучевиќ.