555
Веќе 30 минути доцни спроводот на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој требаше утринава од истражниот затвор “Скопје” да биде донесен во Кривичниот суд.
Судиите, адвокатите и останатите обвинети во случајот “Титаник 2” во судница го чекаа Мијалков, по што судијата Огнен Ставрев даде пауза од половина час.
На Мијалков во саботата му беше одреден притвор за случајот “Империја”, а судиите дури утрово до затворот ја испратиле наредбата за негово спроведување.
Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судијата да се јави во затворот и да праша дали Мијалков ќе биде спроведен, реагирајќи дека во иста ситуација обвинетиот Миле Јанакиески навреме бил спроведен од затворот.