Синдикатот на „Пошти“ со повик до Владата „да се задолжат за обезбедување финансиски средства за редовна исплата на плата, како и преземање на итни мерки за реформирање и реорганизирање на компанијата“.
Вработените велат дека доколку не се исполнат барањата, денешниот двочасовен протест ќе продолжи и ќе се отпочне постапка за организација на штрајк.
„Повеќе пати разговаравме со новиот директор, но не добивме конкретен одговор кога ќе има исплата на плата. Сведоци сме дека денеска нема плата за работниците, а законскиот рок е до 15-ти во месецот. Моментално се 1800 вработени и околу 200 поштари на договор. Исто така бараме и да се реши статусот на поштарите кои работат за минимална плата и без здравствено осигурување“ – рече предмалку на прес-конференција претседателот на Синдикатот на „Пошти“, Боро Велигденов.
Тој рече дека 80% од вработените се на минимална плата, а после 15 години, поштарите дури сега добиле зимски униформи.