601
Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот официјален фејсбук профил информира дека е достапна апликација „КОРОНАВИРУС МК“ за мобилните телефони, која може да се преземе од веб страницата на Владата за следење на најновите информации поврзани со ситуацијата со епидемијата од коронавирусот.
-Сите информации за ситуацијата со КОВИД-19 на вашиот телефон! Преземете ја апликацијата од koronavirus.gov.mk/app – следете ги најновите вести, дневни статистики и совети за како да се заштитите од коронавирусот, пишува на фб статусот на министерот Филипче.