466
Сана Марин го призна поразот на изборите кои вчера се одржаа во Финска откако заврши на третото место зад двета десничарски партии: конзервативната Национална коалициска партија и екстремно десничарската Партија на Финците.
-Му честитам на победникот на изборите, ѝ честитам на (конзервативната) Национална коалициска партија, ѝ честитам на (екстремно десничарската) Партија на Финците. Демократијата проговори, рече Марин во обраќањето.
„Ова е голема победа“, им рече Орпо, претседателот на конзервативната партија Национална коалиција, на своите поддржувачи, додавајќи:
„Врз основа на овој изборен резултат ќе започнеме преговори за формирање влада во Финска. “