Досега вакцинирани 25 000 граѓани во СЦ „Борис Трајковски“

by Fokus

Вакцинацијата во државата се одвива добро. Веќе се вакцинирани околу 25 000 граѓани во салата „Борис Трајковски“, а утре завршува вакцинација на вработените во критичната инфраструктура, согласно националниот план. Од среда, останатиот дел од 20 000 вакцини на Спутник, ќе бидат распределени по возрасни групи, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини на Спутник од среда ќе се одвива исто како што се одвива вакцинацијата од почетокот со вакцината на Астра Зенека, по вакциналните пунктови.

Министерот Филипче испрати апел до сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација „vakcinacija.mk“ за да сите податоци на пријавените граѓани влезат во системот Мој Термин и на тој начин да бидат регрутирани.

-Освен овој систем, кој исто така важи е и преку пријавување кај матичните лекари, кои имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти, посебно оне постарите, кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува по возрасните категории, како ќе доаѓаат понатаму вакцини, ќе се надополнуваат двата системи, додаде Филипче.

Поврзани новости