Од Министерството за здравство информираат дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини. Од нив 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина.
-Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираат од Министерството.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.