Досега се вакцинирани 241 368 граѓани, а 121 342 примиле и втора доза

by Fokus

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 241 368 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2 067 граѓани, а во текот на денот вкупно се вакцинирале 15 756 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362 710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121 342 граѓани.

Со последните бројки, 47 % од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, велат од Министерството за здравство, а се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Преку веб-страницата за вакцинација досега се пријавиле 437 339 граѓани.

Поврзани новости