Досега се утврдени 15 жртви, а 14 тела се предадени за обдукција и идентификација

by fokus

Од Обвинителството утринава информираа дека на Институтот за судска медицина се однесени 14 тела на жртви кои настрадале во пожарот во Тетово, за кои е издадена наредба за обдукција и идентификување. Како што дознава „Фокус“ од извори од Институтот за судска медицина, од синоќа се почнати обдукциите, кои треба да завршат денес.

Од таму исто така додаваат дека за идентификацијата на жртвите можеби ќе биде потребно повеќе време.

Како што дознава „Фокус“ од доброупатени извори, во пожарот имало и 15-та жртва, но ова тело не е донесено во Институтот за судска медицина. Дознаваме дека идентитетот на ова лице е утврден, но не е познато зошто телото не е предадено за обдукција.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости