Преку апликацијата за самопопишување заклучно со 08.50 часот денеска се евидентирале вкупно 40397 лица кои се во странство.
Евидентирањето на иселениците преку апликацијата почна на 1 март и ќе трае до 21 април.
Од Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера наведоа дека секојдневно го следат процесот и се во постојана комуникција со македонските иселници. Проблемот со ненавременото добивање повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира.
Самопопишувањето за едно лице, според ДЗС, трае само 10 минути, воопшто не е сложено и ги охрабрува и мотивира иселениците да одвојат кусо време за да се самопопишат.
Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, кој ќе започне на 1 април.