На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 295.780 граѓани. Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 8.791 граѓани, а првата доза вчера ја примиле 6.418 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 510.351 дози вакцини, а ревакцинирани се 214.571 граѓани. Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 462.211 граѓани, информира Министерството за здравство.
Според податоците на Министерството, 51 процент од населението над 70 години имаат примено барем една доза, 45 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза, додека 38 проценти од населението на возраст од над 60 години е вакцинирано барем со една доза вакцина.
-Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, соопшти Министерството за здравство.
Министерството апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат за вакцинација, како најлесен и најбрз пат да се вакцинираат против коронавирусот.