Досега само два приговори поднесени до ДИК

by fokus

Два приговори досега се поднесни до Државната изборна комисија (ДИК) од партијата „Демократи„ на Јорго Огненовски.

Рокот за приговори за постапката на гласање завршува вечерва во 21 часот, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите партиите можат да се жалат до утре во 19 часот и 30 минути. Роковите почнаа да течат синоќа кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.

Комисијата има рок од 72 часа да одлучи по приговорите. Против нивната одлука може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, е должен да донесе одлука по жалбата во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Приговор до ДИК може да поднесе и секој избирач кому му е повредено избирачкото право при гласањето.

Поврзани новости