Досега над 20% од населението во Србија развило имунитет на корона вирусот

by fokus 15:10
15:10

Пред сегашниот и досега најсилен бран на епидемијата, 20,7 проценти од населението во Србија добило имунитет на коронавирусот, а најмногу отпорни се младите под 19 години, покажуваат резултатите од втората национална студија за серопреваленција за САРС-КоВ-2.

Според таа студија, секоја трет или 31,8 процент во оваа возрасна група има IgG-антитела, односно природно стекнат имунитет по заразата, пренесува „Танјуг“.

- Advertisements -

Од вкупното население во Србија, најзаштитени се жителите на Крагуевац, Ужице, Чачак, Валево и на Шабац.

Резултатите од студијата покажуваат дека во овие области секој петти, односно 23,1 проценти од популацијата имаат антитела.

Студијата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.200 домаќинства или вкупно 2.500 испитаници.

Наодите од студијата спроведена од Институтот за епидемиологија при Медицинскиот факултет во Белград во соработка со Институтот за примена на нуклеарната енергија допрва треба да бидат објавени, а директорот на Институтот, проф. Татјана Пекмезовиќм за „Новости“ потврди дека е завршена и дека ќе биде објавена набргу.

Поврзани новости