Досега 40 жртви од експлозијата во луксузниот хотел во Хавана

by fokus

На 40 се зголеми бројот на жртви во експлозијата, што одекна во хотелот Саратога во Хавана во петокот, соопшти кубанското Министерство за здравство.

Се верува дека експлозијата ја предизвикало истекување на гас.

Осумнаесет лица се на болничко лекување, 40 се загинати, меѓу кои и четири деца, како и млади лица и туристка од Шпанија.

Од повредените, шестмина се во критична, а седум лица во тешка состојба.

Медиуми синоќа информираа за околу 13 лица кои се водат како исчезнати, а четири тела извлечени од урнатините во текот на вчерашниот ден, им припаѓале на вработени во хотелот.

Луксузниот хотел бил затворен две години поради пандемијата.

Во саботата, Министерството за туризам соопшти за 51 вработен во зградата на хотелот за време на експлозијата. Првите четири ката на хотелот со пет ѕвездички се потполно уништени.

Изминатите години, во хотелот Саратога престојувале познати личности како Мик Џегер, Бијонсе, Мадона.

Поврзани новости